вкрстување (имн.) - на (предл.)

Мајка како мајка: во вечното вкрстување на животните линии стигнувајќи до синот стигнува до себе.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Понекогаш тој ќе препрочиташе некоја од книгите кои ми ги препорачуваше – ги сакаше Софокле, Шекспир, Гете и Сервантес; од мене бараше да не ги читам Балзак и Флобер, затоа што биле полни со неморалности; Достоевски, кого тукушто го откриваше, ми го забрануваше затоа што бил полн со мрачни мисли.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
XXIX Историските личности се создаваат во долг временски процес, во пресрет и вкрстување на бројни околности и противречности, така што нивната блескотна појава во клучни моменти во историјата останува целосна енигма.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Феникс се раѓа само еднаш, во случајот на Арафат тоа ќе биде повеќепати...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога правевме паузи меѓу читањата и одевме во дворот на библиотеката, брат ми ми кажуваше работи кои тешко можев да ги разберам, но сепак внимателно го слушав, бидејќи знаев колку му е важно некој да го сослуша, затоа што неговите пријатели беа посветени само на медицината, а тој сакаше нешто повеќе, тој сакаше да ги разоткрие тајните на човечкото суштество кои беа отаде анатомијата; Зигмунд беше уверен дека тоа растајнување би можело да се направи со вкрстување на разумот и чувствата, тој велеше дека и размислувањето, и чувствувањето се есенцијален дел од нас, и само при „соработката“ на тие два дела човекот може да се осознае самиот себеси.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)