вишок (имн.) - од (предл.)

Кошничките за отпадоци се преполни со остатоци од летото и со вишоци од испотени воздишки.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Работеше сѐ што беше потребно - готвеше, переше, крпеше, го местеше креветот, го метеше подот, бришеше прав од плочата над каминот - секогаш мошне бавно и со чудно отсуство на секаков вишок од движење, како восочна кукла што се движи сама.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Единствено што мораше да истрпи во бракот беше правењето ручек 2-3 пати неделно, пеглањето алишта и 30-те килограми вишок од Ратка.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Вишокот од половина литар веќе беше проработел.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Психотопонимите подвлекувај ги флуоресцентно и со паузи земи бриз од душата, вишокот од неа земи го, те молам клучот одложи го за полоши времиња. Развласти го.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)