вишок (имн.) - на (предл.)

Градот е убиец, градот е жртва во градот на асфалтот се пролева крвта стемнети муцки со дебели ланци со вишок на мускули, а шуплива црпка Секој втор млад е социопат да стигнеш до успех биди ти гад таксисти по улици со завршен факс и револуцијата влезе во климакс Бледи лица со насмевки тажни лица со брчки, осамени дами мочли со џипови глумат џет сет со луксузен стан заработен в кревет Крстот свети во темните ноќи од премногу пороци светат и очи и сите тука се сметаат за светци се вртат во гроб и нашите претци
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Се работи за вишок на естетизација и уметничка трансформација на секојдневното: машината, според вообичаената претстава, е неуморен конструкт, „дига рака“ на самата себе, се уништува, а притоа насилството го извршува на што е можно поестетски, сетилно привлечен начин.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Таа го јаде вишокот на потрошни стоки и помага да се сочува специјалната ментална атмосфера што му е потребна на хиерархиското општество.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Доколку петнаесетте земји што произлегоа од стариот Советски Сојуз денес произведуваат онолку нафта како пред три години, само Русија би имала вишок на платниот биланс од 20 милијарди долари годишно.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
•  второ, одредбата која предвидуваше дека работодавецот е должен да ги извести работниците, на кои ќе им престане работниот однос поради деловни причини, еден месец претходно – во случаи на поединечен престанок на работен однос, или во случај на престанок на помал број работници; а три месеци претходно – во случај на престанок на работниот однос на повеќе од 150 работници, или на најмалку 5% од вкупниот број вработени во претпријатието (чл. 136, ЗРО/03 – Пречистен текст) – беше променета на следниов крут начин: „Работодавачот за намерата, а најдоцна 30 дена пред донесувањето на одлука за престанок на работен однос на поголем број работници од деловни причини е должен, за причините на престанувањето на потребите од работата на работниците, за предвидениот број и категоријата на вишокот на работници и за предвидениот рок во кој ќе престане потребата од работата на работниците – да го извести репрезентативниот синдикат кај работодавачот, а ако нема таков тогаш претставникот на работниците, и да се советува со нив за можните начини за спречување и ограничување на бројот на отказите и за можните мерки за спречување и ублажување на штетните последици“ (чл. 95, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во интервјуата, Гринавеј укажува на својот интерес за „вишокот на информации“ што го карактеризира барокното сликарство од 16. и 17. век.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Предизвикот со кој ни се заканува капиталот во својот делириум - безобзирно укинувајќи го законот на профитот, вишокот на вредноста, производната целисходност, структурите на власта, и пронао­ѓајќи ја повторно на крајот од својот процес длабоката неморалност (но и привлечност) на примитивните ритуали на разорување, тој предизвик треба да се прифати во едно лудо натпреварување.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Компаниите постојано ги пополнуваат рестораните и супермаркетите кои не чуваат резерви на храна за повеќе од неколку дена а сепак не создаваат ниту недостиг ниту вишок на производи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)