Фази ја пуштил песната толку гласно што предоцна слуша дека дечко му ја отворил вратата од нивниот стан.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Фази се извадил за влакно, а тешко дека вицот нема да го сфатат и геј- и стрејт- публиката.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Спепелениот израз што му прелетува преку лицето на Фази кога сфаќа што се случило речовито говори колкав гаф направил и колку е длабоко посрамен – иако штом лицето веќе не му е во видокругот на љубовникот, по спепелениот поглед прави резигнирано немарен и пркосен израз на забрането задоволство.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Секој геј- маж што ги напушта редовите на повластениот род и на посакуваниот родов стил, кој се спушта на недостоинствениот, абјектен статус на женче, теткица, пешко, кучка, женско петле, распалена кралица, врз себе ги навлекува лесниот потсмев и евтиниот презир и од стрејт- светот и од геј- светот – па уште и, колку што знае (и стравува), презирот од сопствениот љубовник.341
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)