Бавно го подигав погледот – торзото над стаклената витрина беше малку подгрбавено, затскриено од шаката што лежеше на масата сосема близу ковчеста, темножолтеникава, со фини влакна по долгнавестите прсти.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Се скршија неколку чаши што паднаа од кујнската маса; сликите закачени на ѕидовите висеа искривено; малата витрина беше изместена на средина од дневната соба и сите украси во неа беа превртени и стоеја на куп.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)