вистина (имн.) - мора (гл.)

Колку такви тешки, непријатни злосторства ќе се затскријат негде, ги нема, ги нема, а потоа, наеднаш ќе се појават како од зад планина.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Колку беше виновен татко ти што не ја трубеше оваа вистина на сет глас и во вистинско време?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Велиш сум вулгарен, точно така е но вистината морам во лице да ја плеснам таа за тебе е непознаница тешка пропаѓај курво ја изгуби честа
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Вистината мораше да се каже, зашто крпата беше извалкана со домат и јајца, а не смееше да се фрли.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Гледаш оти вистината мораше еднаш да пукне и да прошета пред нас, и тоа без насмевка на лицето!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
— Требаше, требаше, велам, вистината мора да исплива.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Верувам дека со епистемологијата на откажување од вистината мораме исто така да разработиме една онтологија во која зборот „стварност“ ќе биде заменет со зборот „конкретност“.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)