височинка (имн.) - на (предл.)

Овој град е расположен на височинките на обата брега на реката, низ кој постојано се влечат шлепови натоварени со стока.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Со години, со децении, сиот живот, многу години подоцна, одев, со постарите браќа, како во еден вид свети­лиште, како на некој вид семеен аџилак, на височинката на која се наоѓа манастирот Свети Наум, толку врзан за историјата на семејството, тука, до самата граница.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Од височинките на Солун се гледа целата рамнина, целото просторно и широко Солунско Поле...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)