височина (имн.) - над (предл.)

Со какви мисли, со какви нови намери таа вечер влезе во својот осамен дом на малата височинка над автопатот не би можело да се тврди.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Го загрижуваше нешто друго. Нешто што сѐ поизразито се чувствуваше во воздухот, ниски облаци, како капа, седеа над Чукарот, некаде во височините над долината се чувствуваше невидлива брканица на ветровите, а во воздухот веќе можеше да се насети близината на снегот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)