вир (имн.) - и (сврз.)

Птиците, по дневните жештини, ги напуштаат седелките и сенките, првнуваат од житјата, од тревите, од короните на дрвјата, и гласејќи се една на друга, почнуваат да го надлетуваат просторот над Потковицата, вршките на дрвјата, покривите на куќите; жабите се огласуваат од ендеците, вировите и блатата, некоја осамена ѕвезда заискрува на небото, и гората зашумува и ветар повејува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
VII Појавата на чадот ја заплаши и ќерка му на Илка, Кала, која беше премногу дебела: се заплаши и не одеше веќе на брегот да се лечи од дебелштијата, како што тоа го правеше, одејќи на она место каде што топлата вода правеше вир и легнуваше во него.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Сето тоа во душата на човека налева радосни чувства, но тишината, ох, таа, дебела и напластена, без луѓе, без овчарски свирки и довикувања во гората, без момински одзив преку песни и смеа од градините, од бунарите и чешмите, без думани прав од гојда кои се враќаат од паша по Голем Пат, разбудува помисла за тоа колку многу човек е поводлив, кревок и неотпорен спрема сè она, убаво, што се случува надвор од него, во природата, додека останува беспомошен да влијае на својот сопствен живот - не успева, или не му е дадено, или не му даваат, само да го одреди неговиот ток, па се џари во празно со насолзени очи низ самракот, и му се причинува дека тука некаде, над него и околу него, во воздухот, притаено чукаат срцата на отидените ближни, на самовилите, на легендите и преданијата, на војните и војводите, срцето на животот што беше, што се закоренил некогаш одамна тука и се ископачи, па му иде да отрча на Молитвена Вода, да се плесне пред кладенецот и да нададе глас, не против непревдите што му се сторени лично нему, туку против неправдите што му се сторени и што му се прават воопшто на животот... ...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Правеа со брата му Јована во турско време ќерамиди во Витолишча и добија пријатели. Каков поголем пријател можеше да има селанец од оној што го спаси да не ја менува секоја година сламата или 'ржањето на куќата и пак зиме да седи во виришта и мразурки на сред куќи?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Која сила му го покажувала патот, која светлина му ги осветлувала длабочините и крточиите, вировите и понорите? Се прашуваа луѓето, стравуваа и замолчуваа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)