Ами вака, срамно избегаа ошче не ни започната борбата" — си мислеше тој и се јадосуваше оти не остана со војводите да го знае кој е заправо од нив виновникот за ова предавство.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Затоа тој секогаш само Неа ја обвинуваше, само во Неа го бараше виновникот за плимите и осеките што го растресуваа нивниот брак.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Прости ми ако сум директен виновник за твоите загуби и пропусти. Знаеш дека директно немам ништо со тоа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Драги мои девојки! Јас сум виновникот за вашето доцнење, затоа ќе ве вратам во Бечеј со мојот автомобил.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ние в куќи, во семејството, уште многу рано, рано во животот, постојано слушавме дека Сталин, само тој и никој друг е виновникот за сите наши несреќи.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Го жалеше Ивана и се чувствуваше како виновник за она што можеше да му биде заседа од тој поп-непоп со јоргованести лузни на голата јака черупка.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Се иколу него во тоа мочуриште беше зелено и црно, жабји отров и темно сеќавање, а тој мавташе со бела острица и ги сечеше трските како да се виновници за неговото зло.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Некои автори коишто пишувале за Солунските атентати, за виновници за апсењето на И.Гарванов, Д.Мирчев и други ги прогласиле гемиџиите.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Ме праша дали брзам да им шепнам дека е во забелот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ме сметаше за потскажувач, за мал пакосник што гледа во него виновник за несреќите на патот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Мистеријата се врти околу виновникот за бродоломот но како од еден епизодист како парохот Чарлс Лотон да направиш главен лик?
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Чепкаат во тоа што го поминале по планињето, без престан ги бараат виновниците за изгубената рака, нога, големите лузни, за опустошените села и уништените куќи, за осакатените и загинатите, за изгазената верба и лажните ветувања, за удолницата што ни ја направија многу стрмна и по која сѐ уште не сопираме...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Виновникот за очајот на Ирена, беше тој!
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Загаден воздух - главен виновник за порастот на заболувањата на дишните патишта!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)