Сепак Арсо Арнаутче можел да го види Лесново и низ метежот на сеќавањата. Тогаш и уште повеќе подоцна.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Си ги прошетал нивјето негови, си ја прошетал куќата, и најпосле летнал и отишол дури на манастир на Богородица на Трескавец, та застанал на кубето од црквата и многу ѝ се молил на Богородица, за да му поможе да појде на штрков вилает и пак да си дојде и човек да се стори, та три години ќе служел на манастирот.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Стравочудебното село било куп човечки седалки од кал и со сламени или 'ржени покриви, некои од тие куќи дури и без прозорци и бездруго однатре со залостени врати зад кои ноќе над заспаната челад бдеел домаќинот со секира, со вила или со прешилест чекан за кршење камен ослушнувајќи ги шумовите и стрелушејќи се од душите на мртовците и од арамиите или од организираните одметници на распашаните глутници на башибозукот и на аскерот што станал безредие во безредието на пеколот ширум по вилаетот и исто толку по осоговските масиви на кои некогашниот деспот Оливер мислел дека ќе е исто толку вечен колку што е и господ во заблудените срца на луѓето.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Јас вас до денеска не сум ве видел ни во некое село ни пак во некој град; летово јас со еден дуовник го шетав сиот наш вилает и по села и по градови; арно ама нигдека како вас Човек не сум видел.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)