Еден ден кога кравата се телеше со мака и кога ветеринарот Скрез и Цанулица ги немаше долго да излезат од ќералот, Цанул се довлечка до прозорчето од ќералот, и кога ги виде истркалани во сеното, му удри крвта в глава, ја грабна вилата и влета внатре кршејќи ја вратата и забодувајќи ја вилата во бутината од Скрез.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
„Некој забуцал вила во ребрата на моето воле. Лапајте, проклетници, и протегајте се крај оган.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Амбросели беше добростоечко семејство. За време на летото изнајмија убава вила во Бретања со многу соби и на самиот морски брег.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
И Онисифор Проказник стана од своите кожи и веленца кога до него дојде Осип Сечковски. Плачеше и пцуеше, бараше помош од челникот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Овде, во куќата како да е сѐ уште присутен духот на Жид!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Лакхдар беше во право. Вилата во која некогаш живеел Андре Жид во Ла Марса беше со убав видик на морето, со градина сета обрасната во густо медитеранско билје, насекаде проникнато со стракови јасминово цвеќе, со шадрван на средината.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Хадриан во Рим сакал да ја создаде, токму во својата вила во Тиволи, тнр. “discordia concors” на тогашниот империјален свет, „ускладеност“ на сите спротивности во еден сјаен синкретизам.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)