видовит (имн.) - опседне (гл.)

Од видовитост опседнати по саноќ страхувале да не би Небото да ги изневери луѓето да не им го одземе од очите фасцинантниот сјај, астралниот отсјај пред којшто горостасните суштества отстапувале со извесна нежност по крв жедни, од крвта се откажувале, да не би да го заборават тигрите, леопардите, лавовите времето кога со љубов биле гледани и егзалтирани о, да не би да престане дејството на космичкиот искон - хипнозата да не би да е смртна Светлоста нивната душа, нашата!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)