Толе и Мирче напред, Андон и Куле со овчарите назад, уште со видело ги навртеа на Црна и ги претераа преку река, токму по планот од Толета.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Толе се одмори кај посестримката Неда до кај ужина, Бојко и другите другари кај Босеа, та станаа, и уште со видело ги нарамија пушките и сакмиите, си го кладоа во торбите печеното мевце, мазниче,што им остана; Толе си го јасна Белчета и излегоа токму нагоре по дирите на муљазимот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сите се чудеа на оваа постапка. Излезе работава не муљазимот да го бара Толета, ами Толе него.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)