виделина (имн.) - на (предл.)

Се приближуваше полека и еве веќе почна да го опфаќа во своите пипала она кревко, тенкото, исправено срнче, што стоеше на виделината на зората во некакво сиво, свилено просребнување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А кога ветрот ја однесе со себе и долгата зимна ноќ и кога на нејзиното место ја истури виделината на тој немирен пребликнат ден, занесувајќи ги по својата насока тешките капки на капаците во неговата стреа, Змејко веќе немаше што да чека.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Земјата се сурива, калливите прсти ја гребат, торбичките се полнат и ортомата е пак нишка, оптегната меѓу нив и онаа бела виделина на излезот што единствено потсетува на животот и неговиот ден.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тие се афирмација на македонската кауза и се виделина на многуте заблуди, непознавања и искривувања на епската борба на македонскиот народ за остварување на национална, социјална и културна слобода и претставуваат битка за вклучување на македонскиот народ во лигата на рамноправните народи во светот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А во средината, спуштена вертикално како заплиснат студен челичен болскот стоеше подмачканата плоча на пилата, целата исукана, како сабја од ножница, додека нејзините правилно распоредени запци, секој со по иглен врв на острицата, светкаа со по една ненаситна срчена светлинка, собирајќи ја во себе и усвитувајќи ја скржавата виделина на денот во своите илјадници одблесоци, за кои се чинеше дека ќе те испечат уште со самото тоа што ќе се обидеш да ги допреш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога беа на она место, каде што виделината на тој спрпелкан ден сосема се изедначуваше со врнежот, оние двајца толку се затскрија зад густата чипка на развиорените котолци на снежинките, што тој сега сети и како го штипкаат очите од таа напната и упорна загледаност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И којзнае по кој пат по неговото синошно враќање, но сега сосема одредено како мисла, додека стоеше на прозорецот, заталкан со погледот по топлата виделина на денот, од која снегот добиваше мекота на нафрлан памук, во неговата свест проструи и тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)