ВИЗИИ И ЗА УТРЕШНИНАТА НА МЕБЕЛОТ ВО БУЧАВИОТ милионски Келн на Рајна, дниве во Дојц еден од помалку шумните квартали и населби, во една монументална зграда крај Рајна се одржуваше саем на мебелот, на кој своите вештини во овој сектор на дрвната преработка ги демонстрираа подесетина земји од цел свет, а особено од Европа.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И овие трофеи што ги праќа невидливиот претседател на ловечкото друштво не се никакви посебни награди туку трофеј заработен со покажаната вештина во ловот.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Слушај, јас имам достигнато некаков коректен степен на вештина во сликарството, но за литературата не сум сигурен.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Големите производители сега вработуваат специјалисти за изработка на таблети, што е главна вештина во овој бизнис.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тие исто така нивната стока можат да ја направат тешка за фалсификување така што ќе направат помали таблети што се тешки за копирање.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Мојата сопруга Гзиме, која патем ви благодари за испратената книга на вашата сестра Филозофија на меѓународното право и која веќе се наоѓа во нејзиниот Правен факултет во Скопје каде што е професор, ја наследи достојно мајкината вештина во месењето на питата тикуш и таа го внесе вкусот на новите зачини откако ја добивме вашата пратка со миризбите и вкусовите на вечната Прованса.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Саздо со стравопочит гледа во Мишко, очигледно одавајќи му признание за вештината во свирењето.
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
Си помислив, не без загриженост, дека црните луѓе, благодарение на својата вештина во однос на обичните, можат еден ден толку да преовладеат, што тие да бидат оние кои ќе ги предусловуваат моралните норми кои и така се сомнителни.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Таму ги поеја жедните животни, а потоа ќе се расположеа по ливадите, се бркаа и се бореа, а понекои од нив ги прикажуваа своите вештини во јавањето.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)