вечна (имн.) - смрт (имн.)

Во традицијата на денди провокаторите, било да се работи за Том Вулф или Данунцио, Жилберт&Џорџ ја предизвикуваат примената мудрост и ги брануваат сите лесно поставени претпоставки, како што нивната конвенционална конзервативна пролетерска политика продолжува да го раздразнува либералниот уметнички свет.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ќе те чекам... Ако не во вечен живот, ко Ромео и Јулија ќе бидеме во вечна смрт...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ако не во вечен живот ко Ромео и Јулија ќе бидеме во вечна смрт.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Сиот вилает, сиот Балкан, станувал сѐ повеќе прогонета волчица скучна од сомневања дури и кон својот род и пород, бил скаменето животно со душа благословувана само од пеколот - се раѓа на камен, живее на камен, ги лекува раните на камен да биде еднаш живот или вечна смрт; лежат кратовските кули на беговите врз прастар вулкански кратер и лежи на ист таков кратер Лесново со својот манастир, истината лава се купите и излеаноста над Мрежичко под Кожув, над Добро Поле под сенката на кајмакчаланските облаци и на Стара Чука кај Стојаково во Гевгелиско, во преспанските води се огледува со тага варовитата Галичица, Крушово е камен на камен; бегале пред исламски зулуми Мијаците од Дебар, оние од Река и Власите од подалеку и кревале своја крепост, се криеле во ниски врби на смирени варовници и по прнари Брсјаците, но и едните и другите, и исто толку и многу повеќе господарите, ги секле шумите, се градело, се горело, им се носел лисник на козите, потоа од планините се урнувале порои скрка и ги покривале неговите житници, на тој лом да се множат жолтогрлени гуштери и црни скакулци со тешки утроби - се шират степски и пустински површини, земјата уште само со прнар се закитува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сонцето било свртено кон грчот на неговото лице.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога Господ Исус Христос ќе се појави од небото со моќните ангели свои, со разгорен оган, ќе ги казни со вечна смрт сите оние што не сакаат да го признаат Бога!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Уште повеќе, за разлика од уметниците во нивните рани дваесетти, уште една тема на Жилберт&Џорџ во нивните фото-дела е храбрата, непресушна, вечна смрт.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)