вечна (имн.) - куќа (имн.)

Го напушташе каменоломот и одеше во гробиштата да ги средува камењата што ги делкаше и ги приготвуваше да си направи, додека е жив, и за себе гроб - своја вечна куќа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Дедо Димо го јавна коњот и замина в село да го испрати својот пријател, својот драг планински сосед, до неговата вечна куќа, на малите, мирни гробишта над селото.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)