вечна (имн.) - закана (имн.)

Затоа некои од нив го кријат своето вистинско Јас, претставувајќи некое друго Јас; прикажуваат привид, и се чувствуваат сигурно: сеедно дали ќе бидат измачувани или галени, се чувствуваат сигурно, бидејќи имаат чувство дека тоа му се случува на нивното привидно Јас, на измамата која наместо Јас му ја пружиле на светот, додека вистинското Јас само набљудува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бидејќи постои без вистински однос со другите и со самото себе, Јас на тие луѓе, создадено од имагинација, е слично на пареа, недофатливо – токму она што го сакаат тие луѓе: да не бидат дофатени од другите; но во исто време и нешто што е под вечна закана да исчезне при секој контакт со стварноста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)