вечна (имн.) - борба (имн.)

Но, секако, има и друга небеска сила која му се спротивставува на душманлакот и тоа трае како вечна борба.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Симон ја открива својата судбинска задача, на своето родно село да му помогне обезбедувајќи му вода по примерот на предокот Никола Поцо, а истовремено со тоа тој за своето дело што го почнал добива архетипски мотив на вечна борба на човекот со природата како окосница на повеста на семејната и маказаречката историја кои меѓусебно се преплетуваат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Први настапија членовите на фолклорната секција со Комитско - вечна борба за слобода - што кај многумина присутни предизвика солзи.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Се разбира дека душманлакот го има на целата земја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Тоа е животот. Вечна борба во која секогаш победува смртта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)