вечерна (имн.) - час (имн.)

Во доцните вечерни часови, на осумнаесетти август, во просторната земјанка се собираа командантите на големите единици на ДАГ.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од „Сен Жермен де Пре“ не се далеку „Шатле“ и оние париски кејови кои најмногу оживуваат во првите вечерни часови, штом ќе зајде сонцето, и штом ќе залади времето.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во една од мајските вчери, во една од оние кои се без дожд а со убаво ѕвездено небо, во оние вечерни часови кога се испразнуваат и тесните улички од под „Монмартр“, кои преку ден се полни со купувачи што одат во најевтиниот трговски дуќан на „Драјфус“, во една ваква тивка вечер се најдов во подножјето на „Монмартр“, пред оие триста скалила што ги врзуваат со прочуената црква „Сакр Кер“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Особено во раните утрински часови, кога река од вработени се уптатуваат кон фабриките, продавниците и установите, и - во доцните вечерни часови, кога Будимпешта продолжува да живее во илјадниците ноќни локали, барови, бистрои и во најчуениот ноќен локал „Мулен Руж“, нешто слично на оној од парискиот кварт Пигал.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
ПОД големиот мост во Келн, на оној мост што служи и за железницата и за пешаците, под чии сводови минува автомагистралата за Бон, речиси на дофат на монументалната Келнска катедрала и на главната железничка станица, а покрај павирните кејови на Рајна, од каде што, како ехо, допираат звуците на бродските сирени, кои овде како густи јата ја сечат реката во обата правца, во близината на трговскиот центар, се наоѓа „црвениот“ Келн, кој своите светлини ги пали во првите вечерни часови, а ги гасне во првите мугри...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Додека во првите вечерни часови се затвораат „Халите“, додека се повлекуваат тезгите во сите трговски дуќани, кога престанува животот и работата на ескалаторите во најголемата париска трговска куќа „Лафает“ и кога се затвораат речиси сите продавници, и кога трговскиот Париз оди на одмор, во метрополата пак е живо и пак се тргува, но сега само за ноќните посетители и гости...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Иако пристигнав во Бадгаштајн во доцните вечерни часови пресретливите угостители љубезно ме пречекаа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
НА ГЛАВНОТО париско метро кај „Сен Лазар“, се разбира во подоцнежните вечерни часови, во ходниците, кои метрото го сврзуват со железникчата станица, на еден крстопат, речиси екоја вечер се наоѓаше , седнат на еден стол, а покрај него едно куче, средновечен човек, веројатно слеп.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Бранко го наближи споменикот пред гимназијата. Овде обично, во првите вечерни часови, се состануваше со девојката; блиску беше паркот и можеше лесно и бргу да се сокрие од љубопитните погледи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Едо плати 300 долари, си ја стави потврдата во џеб и почна да посетува вечерни часови по англиски јазик додека Марко, секоја вечер, го чекаше во „Driver`s outlet“ каде што за шоферите на мајтап стана „Студентот“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)