вечер (имн.) - бев (гл.)

Андон уште првата вечер беше готов да тргне со Толета, но сега, кога ја виде Толевата спремност да се грижи за децата, наполно се реши.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Вечерта беше доволно свежа за да ги натера да ја навлечат креветската покривка на себе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но таа... Целата вечер беше негде далеку - над и вон општата расположба.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Гореше од желба да ме уништи со зборови и во тоа ги вложуваше сите свои напори. Таа вечер беше прилично бурна.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Седевме уште долго. Тоа, пак тоа. Истите разговори- истите одговори. Излез не гледавме никаде. Целата вечер беше загубена.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
И, така, секоја вечер беше исполнета со крвави насилни односи, кога до израз доаѓаше само животинското задоволување на нагонот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Една вечер бевме поканети кај деканот на Медицинскиот факултет и ни приредија многу убава вечера со разни специјалитети.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Она што всушност ме одби од Луција таа вечер беше едно ситно движење на нејзините нозе, едно сосема беспрекорно, технички изведено поместување на нејзините колкови, со кое таа ме привлече кон себе, ме зароби, и јас се најдов токму на местото каде што треба да биде маж кога спие со жена; беше тоа една совршена технологија на водење љубов, нешто што за искусниот маж е вистинска посластица, кога ќе го сретне кај некоја жена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Веќе можеше да се седи надвор иако вечерите беа сѐ уште свежи.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)