Чанга, спроти денот „Д”, ги повика сите козари, ветерани и млади, козари со убиени кози, козари со покани да дојдат во дивиот дел на големиот градски парк, крај реката, со семејствата, да го прослават неговото враќање со козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Замешаната крв што се слева од очните дупки на јунаците во медни оклопи, додека во расечената зеница им ’рти ново семе, ја руменее реката, и бојниот извик, и претсмртниот ропец дополнуваат, заминуваат вплетени меѓу брановите – гордиот гнев на убиените што го надминале хибрисот, сега споен, белобрадиот ветеран и огненото момче, во вечната прегратка на Хароновите води.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)