Ако ви се случило некогаш да сте избегале од дома и првата ноќ да ве затече сред опустени бавчи, каде што шумот на ветерот ви се причинува како сподавен викот од многу гласови, ќе разберете зашто на Мечета – така се викаше тој – сега му тупка срцето како на врапче затворено в клетка.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Бае којшто бае, Трансибирската остана да ви лета како црна птица во белината на сните, како што ветрот ви остана единствен патоказ напред, кон бистриот извор на детските мечти.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)