Навистина Чук Нам болувал - лапал премногу воздух и со ветар го посолувал.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Птици летаа по неразумните патеки на невидливите 36 муви, ветар го нишаше просторот и сенките.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ненадеен здив на попладневен ветар го смекна да не пламне, да не ја испцуе жената, навидум старица, иако постара од него само неколку години. Така е, само луѓето, тие и ништо повеќе, можеа да бидат грешка на природата, зло, свое и нејзино.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Селото го напаѓаа невидени роеви влакнести муви со страшни очи кога богзнае каков солен ветар го довеа од некоја далечна земја внукот на поојникот Осип Крстин, за толку години неизменетиот студеноок и молчалив Антуш Крстин.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Променливиот ветар го виеше густиот чад, ни ги нагризуваше очите и предизвикуваше солзи кај нас.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Пандил Димулев го прашал Богдана Преслапец дали ќе е подобро ако еден Онисифор загине на некој начин.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Иако мртовечкиот ветар го бришел сјајот на ѕвездите, над нив светела некаква леденикава ведрина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Ве барав и дома. Ми рекоа дека сте на прошетка...“
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во тој момент градоначалникот го виде забрзаниот крупен свештеник кој ја обавуваше функцијата на настојник на митрополијата, облечен во тешко црно расо што ветрот го лепеше на неговата корпулентна фигура, како се движи директно кон него.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тоа беше убава и во исто време страшна слика, но сега да ви расправам - ме најдоа седум весели црнчиња со кадрави коси и бели заби.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Околу нас стануваше сѐ потемно и потемно. Можеби се спушти ноќта и можеби ветрот го покри со песок сонцето, златното тркало со многу зраци околу себе.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)