Тогаш другарот Колојаноски ќе дувнеше во грнетата и тие несреќниците ќе почнеа кој како, како пијани, излудени, сосема избезумени, црни сенки, страшни, да се веат ваму-таму, чиниш некој лош ветар ги носи.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Миризбата која се креваше од подрумите не беше од луѓето туку од мократа земја, од чадовите од ќумбенцата што ветрот ги туркаше назад и откако ги преполнуваа просторијките, јурнуваа по отворот на скалата нагоре.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Ветрот ги храни планинските треви со верување на луѓе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И студениот есенски ветар ги одвеа лисјата од дрвјата и гранките останаа истружени и одвратно оголени, наспроти нисковисечкиот небесен простор, преку кој пловеа чад и саѓосани и натежнати облаци.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Во срцето на сонцето блеска човечка надеж.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Остатокот од зрната врапчиња го разнесоа, па силниот ветар ги развеа, ги посеа низ гората, како семе на љубовта.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)