вест (имн.) - од (предл.)

Во Потковицата сѐ уште се немаше случено, но за слични злодела денизден пристигаа вести од околните села: Турците грабеа моми и невести и ги носеа на чифлизите; таму ги турчеа и се женеа со нив или сѐ до старост ги чуваа во харемите, а кога ќе остареа, огрубени и обесчестени, ги падеа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Одлучив да ја вклучам кон збирката ампутирани вести од весниците поради необичноста.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Залегнат в кревет со криглата пиво го вклучив моето радиоактивно теле позната водителка ставила ботокс а јас од летаргија почнав да зевам По навика редовно мењав канали дневна политика, срања тривијални вести од светот дежаву војни курвите од Нато фрлале бомби
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Една разонода му стана да ги бара вестите од градот каде што беше појдена Лила.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Помисли како пред десет минути - да, пред само десет минути - во неговата душа сѐ уште имаше двојство додека се прашуваше дали веста од фронтот ќе биде за победа или за пораз.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа е вест од најголемо значење. Погрижете се да не ја пропуштите. Петнаесет и триесет!“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ти подаруваат потреба да ги навиваш од ден на ден, обврската да го навиваш за да остане она што е; ти ја подаруваат опсесијата да ЧАСОВНИК проверуваш колку е точно часот во излозите на златарите, вестите од радиото, преку телефон.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Утредента се појави Васе со писмо и препознатливиот прекрасен учителски ракопис на Петар: „Мила Томаица, нема крај на радоста моја по добивањето на вестите од тебе!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Беше видливо загрижен што долго време нема вести од Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)