Спасое се сликаше како да чита весник, иако весникот беше наопаку отворен.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Луѓето кои работеа на илустрациите и на насловните страници од весниците беа заменети со фотографи.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Содржината на весникот беше полна со здрав-природен хумор што сметавме дека широко ќе биде прифатен, но во замена за тоа предизвикувавме само лутење.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Се донесе закон за забрана на печење ракија и вино, праење ајвар, пружање алишта по тераси, а ќебапите во весниците беа сатанизирани и претставени како главна причина за тумор.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Собираше по џебовите ситни пари зашто крупни немаше, мислејќи се што да купи: за весник беше доцна бидејќи се стемнуваше и веќе се палеа уличните светилки, а цигари ретко палеше освен во друштво.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)