веселба (имн.) - и (сврз.)

Така трипати Крстовица одјареми страв и многупати и на празник и во делник и на веселба и на закоп и на разбуд, редеше гласно...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Веселба и расположение владееја на трпезата, богатство од живот зрачеше од здравите и румени обравчиња на децата, и задоволство на секој што јадеше и пиеше.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Вртеа околу училиштето, запираа под прозорците, наштутуваа, слушаа песни, веселба и радосно шепотеа: - Убава е работата... Убава е...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Летото , ми се чини, ни го украде детството, ни го расфрла по синорот на селото, по салашите, по нивите и каналите, по вагоните од селото до Сомбор, по патиштата до Ригица, Станишиќ и Бездан, по веселбите и приредбите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Џамлакот се плаши дека ќе се растури аквариумот на веселбите и на лутината).
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)