верува (имн.) - дека (сврз.)

Некои, позанесените, одеа дури и дотаму што покрај изворите оставаа храна за своите умрени, она што најмногу сакале да јадат додека биле живи, а мајките на младите умрени девојки, покрај храната оставаа и везило и белило и црвило.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Имено, постоеше верување дека тука, на Видавнови Извори, доаѓаат да пијат вода душите на мртвите и сетците од црквата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И возрасните, без оглед на напорите во изминатиот ден, и без оглед на утрешните напори, долго не заспиваа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Гледаа во ѕвездите и гласно погаѓаа која чија е, а кога ќе му се стореше на некое за некоја од ѕвездите дека е негова, ја прескокнуваше, зашто постоеше верување дека тој што ќе си а погоди ѕвездата, ќе умре.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Крајот на историјата” денес претставува еквивалент на некогашното верување дека доаѓа крај на светот, за коешто историчарите велат дека било посебно раширено во Европа на крајот од првиот милениум.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Постоело верување дека има и лековити својства и својство кое овозможува претскажување на иднината.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во меѓувреме, нема член на Внатрешната партија кој макар и за миг се сомнева во своето мистично верување дека војната е вистинска и дека ќе заврши победоносно, со што Океанија ќе стане неприкосновен господар на целиот свет.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ни типичните пејзажи, ни гратчињата на средновековната Америка не го уништија неговото внатрешно верување дека она што го имаше направено ја имаше магичната моќ на смртта.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Поради тоа повторно оживеа нејзиното верување дека тоа не била жива змија, која лежела таму најмалку еден ден и една ноќ за да може да остави толку добро дефиниран отпечаток на тревникот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ова ми доаѓа како одговор на најглупавото верување дека мажите се поинакви и поразлични од жените во средните години и дека најголем грев е да општиш со истрошена жена која „веќе не може“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во Индија постои верување дека само големите луѓе умираат на денот на својот роденден.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Таму го добило заштитничкиот призвук на аксиоматско противење на „есенцијализмот“ – односно против тврдоглавото, но, на крајот на краиштата, неодржливо верување дека општествените идентитети се втемелени врз некое внатрешно својство или врз некоја таква природа или особина што им е заедничка на сите припадници на одредена група што се заснова врз идентитетот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но не можејќи да се ослободи од атавистичкото верување дека власта над народот му е месијански одредена од некоја далечна, мистична сила, која може да биде само божја, Бургиба никогаш нема да се ослободи од неа, дури и кога сенилноста и немоќта видливо ќе ја ограничат моќта да владее.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Така, за неа, бекташката одредба според која Бог е таму каде што повикува добрината, прерасна во верување дека Севишниот ѝ го дарил животот за да ги спасува своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)