Две верувања во два различни бога се невозможни, резонираше татко ми. Со тоа беше начисто.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Смисла на семејството е потиснување на Еросот, обезбедување лажно чувство на сигурност; негирање на смртта со избегнување на животот; пресекување на трансцендентното; верување во Бога за да не се доживее Празнината; накратко, создавање на еднодимензионален човек; поттикнување на почитување, конформизам, послушност; насочување на децата против играта; предизвикување страв од неуспех; поттикнување почит за работата; поттикнување почит за „почитуваност”.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Така дојде и до постојаното верување во источниот грев, до верувањето за непремостливоста на разликите, до митското верување во неизбежниот судир...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Да, имате право, Европа, уште пред векови, ја плати цената на погубното верување во конверзиите.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Причината поради која е добро да му се одолее на запаѓањето во конвенционални начини на размислување за родот, начини какви што постојано промовира родовата идеологија на нашето општество, е што инаку ќе бидеме склони да прифаќаме, без соодветно да ги разгледаме, многу невистинити претстави за жените и за мажите кои би ги сметале за крајно неодржливи кога не би се совпаѓале со поларизираните концепти на родот што ги зајакнува родовото стереотипизирање претставувајќи ги како чист здрав разум.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто ги подучуваат на практичните примени на иронијата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не е тоа само затоа што имам некакво наивно и догматско верување во истрајноста на геј-културата, во нејзината вечна релевантност, во нејзината непроменета и непроменлива величина.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
На пример, Фелоус собира низа лични раскажувања што силно сведочат за степенот на страста на геј-мажите за естетско совршенство, за идеална убавина – појава што веќе ја забележавме.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таа ја одразува самата структура на општествениот живот на чувствувањето.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во секој случај, иронијата дава делотворно и спремно оружје против неизбежната општествена форма чие идеолошко дејствување изискува, за да може да претегне, и некритичко верување во неа и насилна потврда на нејзината автентичност.
Со мака извојуваната иронична визија на машката геј-култура за лажноста и за изведбениот карактер на семејните чувства бележи и нешто поопшто и подлабоко за емоционалниот израз.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таквото лековерно верување во вистинитоста на конвенционалните поимања е сосема разбирливо, особено кога се темели врз толку длабоко вкоренети и навидум неприкосновени идеологии како оние што се однесуваат на полот и на родот, но тоа истовремено е и немудро и крајно непотребно.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Конкретно, би се залетале, без многу-многу внимателно размислување, сите навики, практики, ставови или интереси што нашата култура ги дефинира како нешто немашко или како нешто што отстапува од конвенционалните норми на мажественоста да ги сметаме за „женствени“, без разлика дали имаат некаква врска со навиките, практиките, ставовите и интересите на некоја жена што навистина ја познаваме.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Или можеби важи спротивното: задоволството со кое машката геј-култура си ги усвојува овие филмови го одразува ироничниот став што геј-мажите го негувале долго за да се оградуваат и, на тој начин, да се изолираат од штетните театралности на семејниот живот – но, без да ја одрекуваат смртната сериозност на тие театралности, без да им ја одрекуваат моќта да нанесат вистинска повреда и болка.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не дека Димитриј имаше некои силни верувања во семоќта на Артемида пред Исуса.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Напуштеноста е фатален ефект, стапица во која луѓето упаѓаат благодарение на својата непромисленост и верување во илузии.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Засилување на самодовербата и верување во сопствените вредности.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Основното верување во киберпанкот е дека владите-национални држави им го отстапуваат местото на мултинационалните корпорации - глобални држави.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Татко, кој беше во потрага по вистинските причини за падовите на империите на Балканот, на крајот започна цврсто да верува дека светот на иднината ќе напредува и вистински ќе се еманципира само преку цврсто верување во универзалната историја.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ја гледаше поблизу својата држава во Палестина, отколку што таа беше и реално.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во неговите книги пишувани на различни писма, латинично, арапско, кирилско, хебрејско, на места откривав разлеана пепел, во необични облици, која некаде се слеваше во старите минијатури на еден Коран пишуван на рака, како своевидно надополнување, потврдување на неговото читање и постоење, неговото воскреснување во моите нови читања.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Несомнено, неговиот херојски живот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Сакаше таа дистанца да ја смали со својата силна волја и имагинација, со своето верување во мирната разврска на палестинско-еврејскиот јазол.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во тие точки на разлеана пепел по страниците, од некогашните занесни читања и заборавно сеење на пепелта од пушените цигари врз хартијата, можеше да се наслутат и трагите на неговото верување во повеќекратниот идентитет кој Балканците фатално го носат во себе, но којшто упорно го одрекуваат една или повеќе од неговите компоненти за да дојдат во конфликт првин со себеси, па потем и со другите...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Бургиба беше свесен за својот трагизам како и секој смртник.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
На крајот ќе се разделат, пред да ги совлада смртта во окупирана Палестина...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Имаше во него некаква атавистичка сила која го влечеше напред, често кон непредвидливото, можеби во пресилно верување во источниот фатализам, можеби...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Времето на блиското пријателство меѓу Арафат и Дарвиш, кога ќе ги обединува истиот идеал - слободата на Палестина, според прагаматичната стратегија на семоќниот и авторитетен водач и идеалите на Махмуд Дарвиш, се совпаѓаше со времето од крајот на мојата младост и некогашните идеали - храбра понесеност, верување во универзална правда и хуманост, но и со доверената мисија, како највисок преставник на една голема држава на Балканот, обединета од своите национал-етнички сегменти, кои никогаш нема да се артикулираат во федеративна држава-нација.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Бурниот живот, секојдневната напнатост во создавањето на државата, во нејзиното одржување, ги беа оставиле длабоките траги, но ја беа подзасилиле, можеби до патолошки димензии, опсесијата на владеењето, неговото верување во неприкосновено месијанство...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Да погледнеме како случајот на Кулик го поткопа наивното верување во идејата за уметнички дијалог, и како е преформулирана целата дилема за уметничкиот однос меѓу Исток и Запад Interpol изложбата во Стокхолм е презентирана како обид за воспоставување дијалог и нови форми на комуникација помеѓу уметниците од Исток и Запад.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Замката на политичкото и сексуално ослободување на жената беше токму во тоа што на жените им се влевала вера дека се жени: тогаш идеологијата на женственост е таа која ја зема превласта, а правото, статусот и идејата, сето тоа победува со верување во нивната сопствена суштина.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Само таа можеше да ја извлече големата верска енергија на народот и да ја насочи кон изградбата на комунизмот, како ново и единствено верување во иднината.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Само нашето верување во комунизмот е без илузија! – рече задоволно А.А.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во нечија глава со неподнослива леснотија во мислењето беше завршена замената на сталинистичката комунистичка идеологија со праисконското човеково верување во Бога.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И покрај тоа што на страната на “службените” вистини стои целиот школски систем?
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Феноменот е дотолку поинтересен, затоа што алтернативните науки во голема мера се прекриваат со појавата, која што со други зборови се нарекува “new age” или “нова духовност” и им се пика в нос особено на традиционалните цркви.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Во нивните неволни утврдувања на состојбата на нештата повеќепати е можно да се осознае цврстата убеденост и верување во неспорноста на својата предност, што е воедно и мисија на нејзиното потврдување, а од друга страна пак чудење и збунетост при наполу изреченото прашање: Како тоа, тие таканаречените “алтернативни науки” на толку луѓе така успешно им ја окултираат Вистината?
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Било ли тоа заблуда, наивно верување во неможното?
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Драга Бреза, веројатно мајка ти ти раскажувала за нашето верување во реинкарнацијата и за животот по смртта.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Таа многу се интересираше за тие нешта кога беше во Индија и изрази голема желба да го запознае татко ми, кој живее во Кашмир, за да чуе од него како тој размислува на таа тема.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)