вена (имн.) - на (предл.)

Полека се истетерави до кујната, офкајќи по пат за тоа колку ѝ биле проширени вените на нозете.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Како што во Америка опстојува примитивната сцена на „фронтиер“-от на слободата, на енергијата и на оперативноста, овде се овековечила спротивната примитивна сцена на жртвувањето, на апсолутниот очај поради освојувањето, очај кој преминал во вените на целиот народ, од вените на Индијанците до оние мелезите и на крај на целото население, вклучувајќи ја и белата раса, очај кој како да признава дека овој континент е безнадежен и осуден на скандалот на екстерминацијата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Пробај само да видиш колку е вкусно, - ми рече и пикна едно огромно парче во устата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Помислуваше: да си ги прегризе вените на рацете. Тоа би било добро.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Несвесно си врзува вратоврска од вените на вратот. Ги врти ушите.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Од напорното кашлање жилите на вратот му натекоа, а воспалената вена на ногата почна да го чеша.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)