потем се наслутува сѐ почесто
во глувиот ноќен јасник како слана
(во споредба со неа, снегот е мек и топол,
Господине)
во забраната да се верува
во чувствувањето срам да се признае
мечтаењето по неа и скришното вљубување
во зазорот и распрашувањето
за смислата на животот
(најдолгите чудења се загушени од банални спреги)
во сѐ поприсните признаци од сонот
- таму кајшто живееме однапред, повторно
и можеби безгранично,
таму кајшто времето не се мери
со просторни величини
и кајшто, конечно, не се дели
иако, да признаеме
навиката да живееме раздвоено нѐ збунува
сега едно-по-друго се подготвуваме да заспиеме
да ја избереме спалната, креветот
да постелеме нови чаршафи
само за една, за наша употреба
купуваме ноќници за истата прилика
се тревожиме од наглите отворања на вратата
низ којашто проблеснува вселената
сѐ до неиздржливата глад по Неа.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
ПОСЕТИТЕЛОТ на Истанбул, особено оној што првпат доаѓа во овој град, не треба да пропушти да ги види некогашните сараи на турските султани, кои го чуваат споменот за величината и раскошот на отоманското царство.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И набрзо ни стигна писмо дека тате загина за величината и славата на мајка Грција...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Сега, еве, најдобро што можев ја завршив таа задача, задача со која само посакав, на скромен начин, да го славам прочуениот монарх, на чија величина и моќ во науките на војната и на мирот, а особено во музиката, човек може само да им се восхитува и да ги обожава.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)