величие (имн.) - и (сврз.)

А не може ни да си го ползува престижот што ѝ се насобира како единствената естетска форма што ја прави таквата мачилишна вистина истовремено достапна за нас и привремено, духовно поднослива.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Изведбата на Џоан Крафорд во Милдред Пирс очигледно е изведба што секој кому мелодрамата му е по вкус – односно, секој што не може да ги заземе, што не посакува и што не може да се стреми кон величието и престижноста на трагичната возвишеност – не може да не ја подражава или да ја преизведува. ‌Сигурно, ненадминливото подражавање на Џоан Крафорд на мајчинското мачеништво и абјектност не ги одвратило поненадарените исполнители да ја „играат“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И токму нејзината изведба, како што забележа Итан Морден, им буди на геј-мажите завист и очај.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто, ако излезе дека таа неавтентичност не е трагичен израз на моралните ограничености што се вградени во самата структура на човечкото постоење – ограничености што само јуначкиот мажествен стремеж, во својот ревносен обид да ги надмине, може да ни ги открие и да нѐ натера да се соочиме со нив – и ако, наместо тоа, излезе дека неавтентичноста е само комична – некаков срамотен, дисквалификувачки, па дури и урнебесен ефект на секојдневната изложеност на суштествувањето како играње улога, а оттука и на културните значења како чинови на општествениот театар – тогаш трагедијата се растоличува од својата положба на првовеликост, ѝ се обезвреднува мудроста, а патосот ѝ се поткратува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А тоа, оттаму, значи мажественоста да се лиши од јуначкото величие и од самочувството за сопствената важност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Несериозното сфаќање на неавтентичноста што му е вродена на општествениот израз на чувствата е одбивање да ѝ се верува на збор на трагедијата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)