Мислите сè уште му беа далеку, десетина векови назад во времето. - Мене ме прашуваш? - рече. - Да.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Човештвото би се вратило со векови назад.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Потоа пукнатини, пукотници
испакнат папок, длабок рез.
Ако треба
и љубов ќе водиш
ќе го одвоиш телото
ќе го осамостоиш
- што би се рекло -
ќе се залагаш за самоопределување
до отцепување
(еуфемија за отуѓување)
ќе се откажеш од независноста
ќе се вратиш неколку века назад
никаде, ничија
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Едноставно – не е донесена една општоважечка одлука?
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)