- Ха, арно велиш, брате - му рекле двајцата, - да ојме и веруаме оти тој ќе ни ја види оваа работа, чунки од тоа царче поитро немало на веков други чоек, според како ми кажуваше татко.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Се почудил цар Соломон и си рекол сам со себе: „Чудна работа се овие луѓе, за две пари туткал дошле да и делам; овие браќа ја мајтап сакаат да играат, ја пак ќе бидат нешто за чудење овие четири стварој.“
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Откоа виде Силјан оти не го веруаат, почнал да му кажуат што му праел на татка си, како го поучуал татко му и тој не слушал, како се главил со дуовнокот, како влегол во морето, како се нашол на долна земја, како праел муабет првата вечер у Аџи Кљак - кљак, како му прикажуал за старецот што го отепале децата и колнал, како излегле двата извора, откоа му изумреле сите деца од големата сипаница, како се сторил штрк и си врзал шише на гуша и како патуал од штрковата земја преку широкото море, како дошол над Плетвар и го окршил шишето, та си останал штрк и си дошол дома.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
– „Море колку за нив знаеме оти се сторија од брат и сестра две пилиња, му рекле сите, туку тој век друг бил, кога шетал Господ по земи и светците, да слушале луѓето што зборувале, а пак севишниот век повеќе ѓаволот шета по земјава, да од тоа тебе не те веруваме да си бил штрк.“
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
- Море колку за нив знајме оти се сторија од брат и сестра две пилиња - му рекле сите - туку тој век друг бил, коа шетал Господ поземи и светците, да слушале луѓето што збооруале, а пак сегашнио век поеќе ѓаолот шетат по земјава, да од тоа тебе не те веруаме да си бил штрк.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)