Разметуваше годинава една пуста куќа, в година друга и така го тутнеше векот на „вересија".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Водачот беше свесен за моќта и за ограничениот век на траење на социјалистичкиот интернационализам, за пролетерските формули за братството и единството.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
За вековите на капитализмот се сметаше дека не создале ништо од вредност.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во медитеранска Андалузија се сменувале Феникијците, Карагинците, Грците, Келтите, Римјаните, Визиготите и Берберите, додека Арапите останале од VIII до XV век.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Постои примерот на Андалузија и седумте и половина векови на парцијалното владеење над Шпанија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
- Во годината на раѓањето на вечниот и славен Сталин, на крајот од векот на неговото постоење, но и неговото сигурно останување во комунистичката вечност, ни претставува голема чест што можеме да ви го покажеме нашиот голем придонес во создавањето на вистинскиот нов човек ослободен од сите ропства, овој пат ослободен и од најтешкото, божјото ропство...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Векот на чувствената сензација е непредвидлив: поетот ќе ја прими неа во времето и ќе му ја предаде – на времето.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Зато сме се држеле меѓу себе многу силно, сме траеле во многу искушенија, сме работеле како кртови и сме успеале да опстаниме со векови на то парче земја, таму на балкано.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Префинет начин да се укаже дека секоја заблуда има одреден век на траење.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Или пак имаше намера да ми ја наметнеш дилемата каде да ја барам вистината: во твојот изминат живот, или во онаа неочекувана тажаленка во врска со планинските беспаќа, понудувајќи ми ја токму во еден таков необичен вид прекрасната можност но и одговорност самиот да избирам?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Што му фали на стариот си реков, па потоа се сетив дека целото столетие, што скоро привршуваше и во кое д-р Астерид го напушти стариот континент беше еден век на истоштувачки војни, непријателства, судири, тортури, масовни истребувања и човечки страдања, невидени дотогаш.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Има еден пример (изнесен во книгата на Роже Перфит, Амбасадори), за еден стар дипломат, кој откако служел успешно во десетина значајни земји во светот и му минал нормираниот век на служење, не можејќи да се помири, без да служи и натаму на дипломатијата на својата земја, не престанувал да го опсипува министерот, министерството за надворешни работи, со своите анализи, предлози, стратегиски визии и што не, како да бил и натаму на својот редовен пост!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Убави обичаи, убави времиња за старите ветерани...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
„Не ми е познато дали во лозата 2 3 4 5 Живко Чинго „Пожар“, Македонска книга, Скопје-1970; П.Т.Бошковски: Миораг Друговац: „Биографија литерарна“, Мисла, Скопје - 1968, стр. 97. Милан Ѓурчинов: „Определувања“, Култура, Скопје - 1969, стр. 204. Георги Старлелов: „Светови“, Мисла, Скопје - 1969, стр. 85. чинговска постоел некаков народен рапсод од кого Чинго ја наследил својата неусилена раскажувачка моќ, но тој ја има таа моќна посебност и која низ вековите на овој народ никако не била некаква индивидуална посебност.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Ако се разбудев порано тоа утро во Венеција и ако го фатев првото вапорето, тогаш ѓоа ќе го видев Шекспир како окапува броејќи ги вековите на плоштадот Свети Марко – чекај да намине некој поасолен млетачки трговец, чекај да го отворат кафето Флориан, па чекај уште во него да намине Томас Ман, па заедно да го презираат оној Езра Паунд, ем да го презираат ем да го ценат, и најнакрај на Осја Бродски да му покажат како зиме целиот град може да се обвитка со едно ќебе, иако овој ги прашуваше нешто сосема трето – со кој брод тој, Бродски, може да стаса до островот Сан Микеле, оти беше чул од некој шерет Бродски, дека убавината е најтешка на Сан Микеле, потешка и од дождовите што севезден им ги стежнуваат соништата на стаклодувачите од Мурано.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Може и обратно, се разбира – секоја умирачка во Венеција да се смета за нов почеток.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Така било со векови на Балканот – урни, па крени!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)