вежба (имн.) - на (предл.)

Еден ден за вежбање на војската ставија камче на столпчето за километража, на тие што ги има по патиштата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
А она за што треба да преговара - се фаќа Мертен за рачката на еврејската канцеларија местејќи ја срдечната, како што ја нарекува меѓу блиските, „филосемитска“ насмевка на лицето и молскавично рекапитулирајќи почна таа сабота на 11 јули 1942 на Плоштадот на слободата, во близината на пристаништето каде што од утринските часови се собраа над 9000 полнолетни мажи Евреи, а како часовите врвеа и еден сѐ поброен куп љубопитници, обични граѓани од сите возрасти, дами и госпоѓици и војници на отпуст, без задолжение во конкретниот зафат на кој тие 9000 души со часови, најнапред беа попишани, а потоа, терани да прават салта, да изведуваат глупави гиманстички вежби на врелото сонце, без заштита на главите, со бројни онесвестувања што на крајот го расипа првичниот весел впечаток и во присутните почна да создава непријатност и отпор...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Јас секогаш му помагав и никој не дозна за тоа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
По два дена беше сторена вистинската работа: одново се свикани, попишан е остатокот, пристојно се третирани.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Така, покрај стандардните воени вежби на југословенската армада и цивилното пучанство требаше да биде заучено на соодветен пакет мерки и активности од полувоена природа, за со нивна помош целосно да се инфилтрира во концептот Сите сме одбрана.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Штета, му велеа професорите, ако не продолжиш, жалаа зашто Мил беше еден од најдобрите ученици: со голема љубов учеше и ги вршеше практичните вежби на разни анализи и синтези во лабораторијата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)