Кој да влезе тогаш во нашите души, во душите на овие мали, блажени суштества со толку ведрина во изразот, со толкаво сочувство со нашата беда во ова бурно, неизвесно балканско проколнато време.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Колку и да настојуваше да ја прикрива својата вознемиреност, пред нас децата, во погледот ја немаше сината ведрина во која често отпловуваа нашите сенишни мисли.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Но наеднаш, соземајќи се од прошетката по веселото шаренило, ведрината во нејзиниот поглед ја замени чудна изненаденост.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Имаше ведрина во неговиот настап а разговорот речиси беше трчање бос по мека трева!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Имаше и една ведрина во своето сознание што нараснуваше со секој миг, додека мислеше на нешто сосема друго.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Она што го бев рекол на излегување од сивата зграда , еве, можев и пред оваа визита да го спомнам без да ја навредам вистината.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)