На Крстовден им загина Донка, а на Свето Воздвижение - Вене на Јаневци.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И не стигна да се исуши солзата вдовичка зашто се расчу дека во Никулица, на Пречиста остана во снеговите на Биковик Ставре на Пандовци.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Кога мајките си ги оплакуваа чедата, тој одеше од куќа в куќа и само кркореше - немојте, жени, да ги оплакувате децата.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И на Ѓурѓовден, на Спасовден и на Свети Тројца на Круша загина Петре наш, на Полената - Ристе на девер ми и на Кулата и Рамна - Панде и Митре на Лазовци.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)