вдовица (имн.) - од (предл.)

Сета улица знаеше дека татко му на Цанета, кларот Дојчин, по вторпат се ожени за една вдовица од периферијата Крњево и таа му донесе со она малку покуќнина и половина дузина деца, меѓу кои и Ганка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Италијанските вдовици од Фајер Ајленд не се стегале да ја искористат таа нишка на мизогинијата во околниот сексизам на поширокото општество за да го постават својот чин на општествен пркос.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Чемерен, разнебитен, размеѓен – вудвосани старци, вдовици од шест војни, раскостени жени што ги наткаса болест, самоглавнички, доилки и чеднички и меѓу нив мажи разнеможени и мажи роболепници на сопствениот страв.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Всушност, тоа било сјајна тактика на италијанските вдовици од Фајер Ајленд да ја заземат и да ја преземат светата, демонстративна улога на вдовицата, бидејќи таа била единствената улога во нивната етничка традиција што дозволувала – што дури и изречно налагала – ужалените поединки да прават доживотна претстава од личната болка.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)