валија (имн.) - на (предл.)

— Не чуди се ако се исправи некој ден кај тебе и побара да му го отстапиш местото, — му рече валијата на пашата небарем на шега. Море каква шега!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Гласот дека Толета пушка не го дупи, уште повеќе страв му влеа на сите Турци, a особено на чифлигарите, што секоја вечер се тресеа да не ги нагази негде Толе, та се прибираа уште со видело и се затвараа во кулите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)