бучава (имн.) - на (предл.)

Често погледнуваат на небото. Вслушани во бучавата на авионот што кружи над ридјето, чекаат да одлета.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Многу паркови, многу зеленило, многу дрвореди и така бучавоста на градот се претопува и стишува во неговата зеленикава панорама.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кога го напуштив „Монмартр“, а со тоа и сликарската колонија на Драгана, Зорана, Лемо и на многу други, пред мене се разграна милионскиот Париз, со бучавата на моторите со лудостите на „Фоли Бержер“, на „Мулен Руж“, со секојдневието на плоштадот на сексот „Пигал“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тие беа толку навикнати на бучавата на камионите со приколки и на двокатните автотранспортери, што дење и ноќе одекнуваше на автопатиштата, но и на брмчењето на авионите над нивните глави, како и на далечната врева на фабриките, валавиците и леарниците, така што мораа да подзастанат и да ги начулат ушите за да ги слушнат, онака како кога сакаме да го слушнеме отчукувањето на ѕидниот часовник во некоја соба.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Нејзината волшебна молба за куќата го погоди Даниел во срцето, иако таа желба не одговараше на местото и на огромниот индустриски град, меѓу вревата на блискиот автопат и бучавата на авионите што пристигнуваа и заминуваа од аеродромот, што се наоѓаше само на неколку милји на запад, и бучавата на пиланите и фабриките кои како сртови се издигаа на нискиот планински венец, помеѓу градот и рамните предградија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Авторот сега можеше да распозне дека она што му се чинеше бучава на бренер всушност е утринскиот рок-концерт на автомобилските мотори.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Бучавата на планинската река како play back му годеше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Потоа го трие лицето, долго и упорно, додека однадвор допира бучавата на задоцнети автомобили.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Обредот беше прекрасно изведен, токму како во еден за мене познат опис на обредот: „Заумниот крик на бабарите (О,о,о!!!), пиштењето на гајдата, силна бучава на обесените ѕвонци и клопотарци и рафалниот татнеж на стаповите од вратата го најавуваат доаѓањето на поворката.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Го разбуди долг, постојан татнеж, исткаен од завивањето на ветрот, од шумот на капките, од бучавата на шумата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во тој страв, сам од себе, од грлото на жена му излетуваше глас: „Помош! Помош!“ Но во бучавата на брановите ништо не се слушаше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Под пустата рамнина, на која сега се дупчеше кртечината на гробиштата, се простираше како под колено зелениот аеродром - тој мек појас, од кој, наполно неверојатно, доаѓаше дотука острата бучава на авионите пред одлетување.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Подоцна другите слушнале како пцуе, всушност без збор ја товарел двоколката и бил намуртен колку што бил и Онисифор Мечкојад пред да се изгуби од пред нивните очи и од синот со иста обетка на увото каква што била и неговата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но ранетата волчица можела да се пои од Климентовите води и да ја наслушнува со жили тешката бучава на недопрените шуми неподелени помеѓу ајдутите и рисовите; секирите на фукарата и бичкиите на имотниците не стасувале да ја ограисаат целата невиност на животворното зеленило над кое, секогаш, и небото е посино.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Носејќи ја сета бучава на својата крв в глава, сличен на подвижна карпа над која господари моќ на несопирлива вода, гледал само пред себе и сепак со секој чекор чиниш барал и каменот да му се истави од пат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сиот вилает, сиот Балкан, станувал сѐ повеќе прогонета волчица скучна од сомневања дури и кон својот род и пород, бил скаменето животно со душа благословувана само од пеколот - се раѓа на камен, живее на камен, ги лекува раните на камен да биде еднаш живот или вечна смрт; лежат кратовските кули на беговите врз прастар вулкански кратер и лежи на ист таков кратер Лесново со својот манастир, истината лава се купите и излеаноста над Мрежичко под Кожув, над Добро Поле под сенката на кајмакчаланските облаци и на Стара Чука кај Стојаково во Гевгелиско, во преспанските води се огледува со тага варовитата Галичица, Крушово е камен на камен; бегале пред исламски зулуми Мијаците од Дебар, оние од Река и Власите од подалеку и кревале своја крепост, се криеле во ниски врби на смирени варовници и по прнари Брсјаците, но и едните и другите, и исто толку и многу повеќе господарите, ги секле шумите, се градело, се горело, им се носел лисник на козите, потоа од планините се урнувале порои скрка и ги покривале неговите житници, на тој лом да се множат жолтогрлени гуштери и црни скакулци со тешки утроби - се шират степски и пустински површини, земјата уште само со прнар се закитува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Населба на богаташи, оддалечена од градскиот центар и бучавата на градската сиромаштија. Беа празни. Оставени на забот на времето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога ја преминавме границата и кога до нас не допираа експлозиите на бомбите и не се слушаше бучавата на авионите, тогаш почувствував голема празнина. И болка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Трепери пламенчето на свеќата и стоејќи вгледан во рамницата, ми се чини дека допираат до мене бучавата на авионите, тресокот на бомбите и гранатите, свирежот на куршумите, мирисот на напалмот, врисокот на стотиците очајници кои биени од небо и земја, газени и толчени под тенковските гасеници со последната издишка трчаа по оваа последно мало крајче од езерската земја со надеж да се фатат за последната сламка за спас на животот...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Бегајте!!! – се слушаа гласови што се губеа во бучавата на авионите, кои тој ден и наредниот не го напуштаа небото.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)