Еден збор, еден поглед, најмала ситница можат понекогаш да предизвикаат бура во нашата душа!
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Не можев да претпоставам дека бурата во кафеаната ја предизвикаа моите зборови.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Венеција тоне, Холандија се лизга, глечерите се топат. чешмата капе. во лакримариумот на седумнаесетгодишната принцеза има солзи стари 23 века. во твојот тие се од пред два дена. El mundo es un panuelo - светот е марамче. влажна и мрсулава Палома. како жеден Бушман бараш вода во секое дупче, под мишки, меѓу нозе, длабоко во нечие грло. ги тераш да те гушкаат, лижат и влажно да те бакнуваат. ритмичните движења го лулаат твојот чамец. откако ќе свршиш лебдиш, бура во чаша вода. спиралите ти се омилена форма, имаш вода во колено и две-три капки во очи. наспроти популарното убедување, крвта сепак е девеесет посто вода. замислуваш самоубиство, во Охридско езеро, како Вулф или Мартин Идн. гледаш додека нуркаш. постоиш дур пливаш, преташ под површината како патка. фрлаш паричка во фонтана наместо жртва, и замислуваш желба. да уживаш онака како што си уживал во плодовата вода. не пепел од пепел и прав од прав. од вода, и во вода. 19 јануари 2009, Водици
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Новиот претседател на САД Џорџ Буш побара смена на врвот на палестинската држава, како услов за нејзиното создавање.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Арафат, навикнат на непредвидливи бури во владеењето, попушти, но не замина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Клук- клап, клук-клап – протезата на Павле, клап- клуп – клап-клуп – протезата на Лина и вијат и викаат мислите, бура во главите, оган во градите. Мрак пред очите.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Екнале, пиштат в темнина, два света век наттегнуат, као да бура в планина борба со простор повела.
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
Прекршен напола во текот на бурата во 1761 година.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Беше висок три аршини и три стапки и се гордееше дека води потекло по права линија од Иван Велики (позната камбанерија во Москва).
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)