Основачот на манастирот св. Саб, на пример, во својот текст Мистеријата на грчките букви ги доведува во врска следните хебрејски узори: 22 букви на хебрејскиот алфабет со 22 творечки дела Господови со 22 книги на Стариот Завет со 22.000 говеда на Соломон, и Isopsephic stele со 22 доблести (retai) на Христ.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Логотетот гледаше во него стрештено. „Но тие букви ги знаеме само јас и отец Стефан“, рече.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Што се однесува до цртежот на графемите, далеку појасен е вториот вид на старото словенско писмо, познат под името кирилица.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Сите букви ги знаеше уште лани, бидејќи неговите врсници заодија уште лани на школо, та тој, кое од дома, од татка му, кое од другарите, научи да чита и смета токму со нив.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Свети Константин наречен Кирил, сам и словенските книги и букви ги преведе за малку години, а оние мнозина и за многу години: седум души ги создадоа нивните букви, а седумдесет души преводот.
„За буквите“
од Црноризец Храбар
(1754)
Од 43 знаци на овој алфабет, 24 букви ги повторуваат графичките симболи на грчкото унцијално писмо од деветти век со соодветните фонетски значења.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)