За секоја буква имаше по една епизода.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Дури тогаш сфатиле дека граматикот умрел уште по првата средба со буквите од натписот, и дека, најверојатно буквите имаат смртоносна, отровна моќ за секој кој ќе влезе во одајата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Освен тоа, дотогашното позајмување на грчките системи на писмо течело токму во таа насока - позајмување на унцијалното писмо, каков што е случајот со коптскиот и со готскиот системи на писмо. 5.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
- Леле, - се обесхрабрив, - колку многу зборови на таа буква има!
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Бројките од трактатот „За писменех“ треба да се разгледуваат мошне внимателно, затоа што 38 букви има и кириличното писмо без грчките букви останати во алфабетската низа.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во таа смисла големите букви се однесуваа нормално, додека малите букви имаа случајни делчиња на ‘нечистотиѝ што се лепеа врз другите букви.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Колата налетала на знак за кој селаните тврдеа дека никогаш не го виделе, огромен, сега целосно деформиран патоказ, на кој со бели букви имаше испишано само еден збор - МУЗЕЈ.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)