Помалку чудна и неочекувана изјава од човек кој во минатите години се прослави со креирање на најбрутална бука во светот на рокенролот.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Грозно закрцкаа буките во коријата отспротива.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Есента веќе се јави на прагот. Буката во Лигураса за една ноќ ја мени бојата од зелена на жолта, градините одамна се „испуштија" и мажите ги качија прачките (бобовици) по врбите да презимуваат, за напролет пак да ги накачат граовите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Имам поважна работа, - му одговори старецот и исчезна меѓу густите буки во осојот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Можеше да го слуша до наситка рикањето на тој спалавен јужен ветер низ длабините на нераскрчената шума; тоа се плискаше како некоја пробиена брана, носеше една прекрасна топла раздразнетост во градите, носеше некоја одврзаност и пребликуваше со секој нов налет, спитомувајќи со својот допир сѐ, а целата шума како да никнеше наново над таа недогледна белина, секоја бука во неа како да се исправаше одново, отфрлајќија од себе задреманата прибраност, онаа притаеност во тесниот канал на срцевината, трубејќи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Цел месец лимузините беа паркирани пред Дом.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во некоја бука во коријата, уште подалеку е.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Внатре, Велветите свиреа толку лудо и гласно, што престанав да се прашувам колку изнесува таа бука во децибели.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)