брчка (имн.) - на (предл.)

На Пабло Неруда тагата навистина нема рок на траење: под белата муренка на црниот остров им ги пребројуваме брчките на морските далги и го одгатнуваме молчењето на ѕвездите.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Во подобро осветлената дневна соба тој забележа со изненадување дека во брчките на нејзиното лице навистина има прав.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се најдов во грчкиот кушет. Со мене, со коферите, се најде и еден мој врсник облечен во кусо палто, со пробелена коса, изразити брчки на лицето.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Предвреме појавените брчки на неговото чело, како и белите прамени покажуваа дека времето легнало на неговите години.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Само што ја направи оваа брза анализа пред вратата се појави ведра жена во полн налет на зрелоста чии телесни атрибути кажуваа дека држела до себе , ни грам вишок килограми, ниту една брчка на лицето; веројатно негувано со скапа козметика, помисли Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Иако таа беше во години, изгледот нејзин ѝ беше младешки, очите полни со сјај и опчинувачки, лицето поднасмевнато и со дупчиња на образите; усните меки и сочни; само не му се допаѓаше што таа премногу го лепеше лицето со крем за да ги израмни неколкуте брчки на него, па некогаш му заличуваше на маска и ја тераше да го истрие со крпа или да го измие.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
На половина пат помеѓу селото и заборавената стара тулана, под голем стаблак на орев во чии лисја шушкаат крилја на невидени, птици и спомени, седат во круг седум старци со преголем товар на минатото врз грбот, не пијат и не пушат, и зачудо, некако со првиот предвечерен ветрец, брчките на мудрите лица им се измазнуваат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но Марко Проказник се изменил и им се доближил со брчките на своите години: Стана некако лесно и го стегна олабавениот колан.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Брчките на лицето ја оцртуваат нејзината старост, а годините небаре и ги поткрепува патерицата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И сол во раните на крвавите дланки. И брчки на измаченото лице како нерватура на пеперугини крилца.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Нови бранови загриженост проигруваа неосетно низ брчките на мајчиното чело.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)