На рацете немаше ништо за затоплување, освен густите бразди од брчки кои набрано густо, една до друга, личеа на божевни нараквици.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
По брчката која му се врежа, не можеше да ги насети зборовите кои следуваа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Таа не сакаше да ни ја каже причината за нејзиното предвремено враќање, но тоа можеше да се прочита во новите брчки кои проигруваа на нејзиното лице.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)