Имаше можност ако го поминам интервјуто да ме земе со него на истиот брод со некакви лажни документи дека сум му жена.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Во бродот со необична историја беше запрен, колекциониран дел од Титова Југославија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ѝ ги нареди имињата на бродовите со кои пловел и различните работи што ги вршел на нив.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
а отспроти Паун Радевски ја пресоставува песната „Ена карави апто Пиреја“ и, наместо еден брод тргнува од Пиреја, тој пее „еден брод со нофисти17 тргнува од Драч во незнајно“, ааааа, тис, си пее „ена карави аптом дирахион пуехи меса Нофитис“, си пее, а нас ни се приплакува, морнарите не знаат зошто ни иде така и нѐ бркаат од палубата долу, во утробата на бродот нѐ слегуваат, кај котлите, кај машините и тогаш Паун Радевски запира со песната, се истава настрана и настрана нѐ гледа,
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Еден ден тој се скара со Френк и оттогаш мораше да се гледа со саканиот само скришум. На улицата се сноќуваше.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Другите веќе заминале, мрморејќи, кон сребрениот брод со кого стасаа овде.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)